Сабота
04.09.2010










Државната каса ќе се офајди со 65 милиони денари

Концесии за детални геолошки истражувања на минерални суровини

бесими
Министерот за економија, Фатмир Бесими, потпиша договори за концесии за детални геолошки истражувања на минерални суровини со најдобрите понудувачи на јавниот оглас, објавен од Министерството за економија на 31 август годинава.
Тоа ќе им овозможи на најдобрите понудувачи да отпочнат со деталните геолошки истражувања, од кои, како што нагласи министерот Бесими, во најголем дел се очекува да се добијат позитивни извештаи и потоа да се пристапи кон отворање нови рудници.

„По спроведување на постапката и евалуацијата извршена од специјална комисија на 15 декември годинава, Владата донесе одлуки да додели концесии за вршење геолошки истражувања на 84 локации на домашни и странски фирми. Од нив, 41 се договори за неметални минерални суровини, 20 се за украсни камења, како што се мермер, оникс, травертин, гранит и слично, 10 се договори за води и тоа подземни, геотермални и термални води и 13 се договори за метални минерални суровини“, појасни министерот Бесими.

Тој истакна дека нето-финансискиот ефект во корист на Буџетот на Република Македонија од овој тендер ќе изнесува 65 милиони денари по основ на концесија, односно еднократен надомест за извршување геолошки истражувања.

Министерот за економија најави дека и на почетокот од наредната година се планира да се објави уште еден ист јавен оглас. Тоа, според него, ќе придонесе за развој на рударството и отворање нови работни места во државата.

„Во текот на оваа кризна година, успешно реализиравме два јавни огласи, што е исклучително значајно заради пораката што се праќа до инвеститорите, дека во Република Македонија на транспарентен и конкурентен начин успешно се реализираат проекти под еднакви услови како за домашните, така и за странските компании“, рече министерот Бесими, истакнувајќи дека сите реформи што се прават за подобрување на деловната клима - даваат резултати.

Став

Александар Пајковски, управител на „Дуна Компјутери“
Нашиот адут е ULTIMA® - моќен софтвер за моќна компанија
Колкаво е семејното богатство на поранешниот премиер?
Љубчо Георгиевски ‘‘тежи‘‘ близу сто милиони евра?

Mуабети

Анкета

Колку пари планирате да потрошите за летен одмор?:


ТОП ДОБИТНИЦИ

СТИЛ
2,27%
МПТ
1,22%
ГРНТ
0,64%
ТПЛФ
0,64%



ТОП ГУБИТНИЦИ

ЦЕВИ
-2,77%
ТЕЛ
-2,60%
КЈУБИ
-2,44%
СБТ -1,10%
КМБ
-0,52%

БЕРЗАНТ

МБИ 10 2,357 90
0,28%
МБИД 2,579 55
-0,60%
ОМБ 106 18
-0,04%

КУРСНА ЛИСТА

EUR 61.20 61.81
USD 49.39 49.88
GBP 73.37 74.11
CHF 44.54 44.99








ЗА НАС ПРЕТПЛАТА МАРКЕТИНГ КОНТАКТ

Проект на ЏИН ПРОДУКЦИЈА и Здружението на економски новинари

Адреса: Бул. Партизански одреди 2/16, ТЦ Буњаковец, 1000 Скопје , Тел. 02/ 3239 800 , Факс 02/ 3239 655 , email: redakcija@biznis24.com.mk

2009 © Сите права се задржани