ФЗОМ со апелОд вкупно 261.804 невработени лица во Македонија, досега во Фондот за здравство својот статус го регулирале само 148.828, кои во иднина своите сини картони ќе ги добиваат на домашна адреса.
“Апелираме до сите останати да се пријават во подрачните единици на ФЗОМ со потребната документација. Во нивен интерес е што побрзо да го направат ова, за да можат да ги добиваат своите сини картони по пат на хибридна пошта и да имаат пристап до здравствените услуги кои се обезбедуваат за сите категории лица во Република Македонија”, соопштија од ФЗОМ.
За регулирање на статусот во подрачните единици на Фондот, на невработените им се потребни: извод не постар од шест месеци, фотокопија од лична карта, фотокопија од зелениот картон од Агенцијата за вработување и зо1 образец што се дава во подрачните единици на Фондот.
Фондот од јуни годинава ја презема одговорноста за издавање сини картони за невработените.