Петок
12.03.2010










И кризата ја одработивме со добивка

Ѓорѓи Јанчевски, директор на НЛБ Тутунска банка

јанчевски
*Годината во која економијата и банкарскиот сектор се соочуваа(т) со криза, НЛБ Тутунска банка ја круниса со високото признание „Банка на годината за 2009”. Која е формулата за  успехот што го постигнавте?

- Наградите се дадени за работењето на банките во периодот од минатата година до моментот на доделувањето, а не за нивните поранешни остварувања или за доминантната позиција на пазарот. Разликата беше во стратегиите на банките. Ние работиме на здрави основи, со изградени политики за управување со ризиците кои ги вклучуваат промените на пазарните услови, што ни овозможува да имаме поголем увид во ризиците што ни претстојат, и соодветно да реагираме.

Бевме чекор понапред, кога во октомври 2008 година ги прилагодивме нашите планови кон кризата која, очекувавме, да се прелее во реалниот сектор во Македонија. Ова резултираше со исклучително силна стабилност на банката во текот на целата 2009 година. Работевме ефикасно и многу економично.

Непосредната соработка со клиентите, особено компаниите и доброто познавање на нивното работење, ни дава можност брзо да се прилагодуваме и да ја креираме понудата за нив. Направивме широк избор на продукти за сите пазарни сегменти, а во многу случаи бевме пионери во развојот на одредена услуга. Инвестициите што ги направиваме во последните три години во нов информативен систем, во проширување и осовременување на деловната мрежа, во картичното работење и во електронското банкарство, ни донесе нови клиенти кои ја зајакнуваат базата на банката.

*Какви се финансиските резултати на банката за годинава, ги исполнивте ли плановите? Кој сегмент од работењето помина најдобро, а кој  најлошо? Преку бројки посочете го порастот на одобрените кредити на фирми и население, порастот на депозити, платежни картички, новоотворени сметки...
- Билансите на банката за 2009 година ќе бидат шест насто поголеми од лани, благодарение на силниот пораст на домашното штедење од 19 проценти. Кредитите кај населението се на ниво на минатата година. Кредитирањето на компаниите одеше потешко. Во текот на 2009 година, покрај сопствените извори, обезбедивме и кредитни линии од ЕИБ, ЕФСЕ и дел од МБПР, но реално кредитирањето во овој сегмент се одвива отежнато под притисок на економската криза. Поради немањето пазар за пласман на производството, компаниите се воздржуваат од ново долгорочно задолжување.

Од почетокот на годината, бројот на клиенти расте, што укажува дека банката е атрактивна на пазарот. Очекуваме годинава да ја завршиме со добивка од околу 10 милиони евра. Задоволни сме од оствареното, со оглед дека годината започна многу попесимистички поради економската криза.

*Банките работат во неповолно економско опкружување. Какво е Вашето видување на амбиентот во кој работите? Во каква кондиција е сега банкарскиот сектор, како ќе ја заврши годината?

- Очекувањата за ефектот од кризата на почетокот од годината беа попесимистички, но излезе дека банкарскиот сектор во 2009 година остана стабилен и со висока ликвидност. Во првите девет месеци, секторот оствари минимален пораст на активата од 2,5 насто, а го креираа депозитите на населението. Во поглед на кредитирањето, економската криза се одрази на динамиката на кредитирање, но и на квалитетот на кредитното портфолио, кое се влошува. Од почетокот на годината, учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити е зголемено од 6,8 на 9,5 проценти.

Профитот на банките во првите девет месеци изнесува 22 милиони евра, односно половина од истиот период лани, и се очекува така и да заврши, а некои од банките, најверојатно, ќе остварат загуба поголема од минатогодишната.

*Каде е македонскиот банкарски сектор денес, во споредба со останатите транзициски економии, ако се има предвид дека во изминатите години токму „заспаната убавица”, како што не нарекуваа странците, постигна експанзивен кредитен раст, кој доведе до пораст на економските активности?

- Во Македонија имаше најмал влез на големи странски брендови и капитал, што најмногу се одрази на големината на активата на секторот. Регулативата и начинот на кој работат банките, се усогласени со европската регулатива. Реформите во секторот започнаа рано, што овозможи случаите на пропаѓање на некои банки поради финансиски дубиози, да останат изолирани, поради што банкарскиот сектор во Македонија е еден од ретките во регионот, каде што немаше системска криза.

Во поглед на структурата, 14 од 18 банки се во сопственост на странски банки, најголем дел од земјите на Европската унија, кои освен капитал, со себе доносоа и знаење, нови продукти, напредни технологии и иновации.

Во другите земји од поранешните ју простори, се уште има банки кои се или во државна сопственост, или во сопственост на домашните економски моќници, каде допрва ќе се случуваат промени. Кај нас таа фаза е завршена. Во Македонија е дискутабилен само бројот на банките, од аспект на оправданоста од постоење многу мали банки, кои при поголеми финансиски барања на клиентите и при се поголеми регулаторни и технолошки промени, немаат економска моќ да ги следат клиентите, ниту позначително да инвестираат во технологија, поради што полека го подјадуваат постојниот капитал со кој располагаат.

Минатогодишниот експанзивен раст на секторот беше резултат на раздвижувањето на севкупната економија, особено стопанството. Не растеа само кредитите, туку растеа и депозитите, растеше индустријата, надворешната трговија, домашната трговија. Практично, се создадоа услови банките да инвестираат во проекти, така што и во иднина работењето на банките ќе зависи од вкупниот економски амбиент.

Она што не разликува од другите земји, е што претходниот раст се базираше на здрави основи, на домашното штедење, па со случувањето на глобалната финансиска криза, нашиот банкарски сектор остана стабилен. Со надминување на тековната економска криза, очекувам развојот на банкарството во Македонија да продолжи со уште позасилено темпо.

*Сметате дека монетарната политика треба да олабави повеќе, бидејќи со последното намалување на каматната стапка на благајничките записи, од половина процент, банките нема да имаат многу маневарски простор да ги намалат каматите. Има ли можности да се добијат пониски камати? Што можат да очекуваат на тој план граѓаните и стопанството наредната година?

- Олабавувањето на монетарната политика е добро, но намалувањето на каматата на благајничките записи беше прениско за да повлече позначајно намалување на каматните стапки на кредитите за фирмите и за граѓаните. Очекуваме дека Народната банка ќе преземе следни мерки за релаксирање на монетарната политика, кои ќе бидат во обем што ќе ни овозможи да ги намалиме цените на заемите кои ги користиме, а со тоа и на кредитите.

Ако цената на благајничките записи е 8,5 отсто, банките сигурно нема да позајмуваат поевтино од ова ниво, а со тоа не можат поевтино да кредитираат. НБРМ ги користи записите како инструмент за контролирање на вредноста на денарот и за одржување стабилни цени. Таа, практично, покажа дека курсот на денарот се стабилизира и дека влеговме во помирни води, за разлика од месеците кога НБРМ, за одбана на денарот, постојано мораше да продава евра на менувачкиот пазар и со тоа ги намалуваше девизните резерви.

*Стопанствениците не запираат со критиките до банките во поглед на долгите процедури, тешката достапност до кредити, хипотеките, високите каматни стапки. Граѓаните, од друга страна, критикуваат за високите камати на кредитите, скриените трошоци, манипулативните маркетиншки трикови на банките... Како ги коментирате овие критики, оправдани се или не?
- Критики имало и порано, веројатно и ќе има. Битно е тие да се конструктивни и издржани. Банките се финансираат од депозити од фирмите и граѓаните, или од надворешни извори, најчесто кредитни линии од банки или други финансиски институции. Цената на кредитите зависи од цената на овие извори, плус трошокот за осигурувањето на депозитите кај Фондот за осигурување на депозити, стапката на задолжителна резерва која зависи од монетарната политика и трошокот кој банката го издвојува како резерва за ризичноста на клиентот.

Сите овие се трошоци кои банките треба да ги покријат од работењето. Банките работат со најниска маржа од сите индустрии во земјата, и имаат највисока трошковна ефикасност, односно работат економично. Што се однесува на процедурите за обработка на кредитните барања, времетраењето е повеќекратно намалено од порано, за што удел има и поголемата конкуренција на пазарот, инвестициите во подобри информатички системи, но и самите клиенти, кои работејќи со банките, добија искуство како треба да аплицираат и каков треба да биде квалитетот на проектите што ги нудат.

Обезбедувањето на кредитите кое го бараат банките е регулирано со законската регулатива и тука нема избор. 
Секоја банка сама прави избор како ќе ја води продажната политика и како ќе го гради својот однос со клиентите. Политика на НЛБ Тутунска банка и на целата НЛБ Групација е при промоција на продуктите и услугите, да биде целосно транспарентна за условите и за трошоците кои ги следат продуктите и услугите, и тоа не разликува од конкуренцијата. Наша цел е односот со клиентите да биде долгорочен и да се гради на меѓусебна доверба, а за тоа се потребни искрени релации од кои корист ќе имаат двете страни.

*Кон што ќе ги насочите активностите? Што ќе им понудите на клиентите како новина наредната година? На што ставивте приоритет во стратегијата на банката?
- Очекувањата за економијата во 2010 се неизвесни, според некои аналитичари, можно е и да биде потешка од 2009 година. Стратегијата на банката ќе се фокусира на одржување висока структурна ликвидност и стабилност на депозитите. Истовремено, ќе понудиме финансиска поддршка на компаниите кои ќе имаат добри проекти за кои, покрај кредитните линии од ЕИБ и ЕФСЕ, во најава се и нови договори за околку 25 милиони евра, наменети за микро, мали и средни претпријатија, за долгорочни инвестиции, за краткорочни обртни средства и за извозни аранжмани.

Особено ќе бидат поддржани проекти од енергетиката, проекти за енергетска ефикасност и проекти во градежништвото.
Во делот на населението, планираме да го зголемиме кредитирањето. Динамиката на кредитирање и ценовната политика ќе зависи од тоа колку брзо и колку ефикасно ќе се релаксира монетарната политика, за да се ослободи простор да се намалат каматите кај сите кредитни продукти за населението.

Марија Георгиевска

Коментари

Phentermine

Valium

Cheap Ambien

Ambien

Cheap Ambien

Cheapest Cialis

Xanax

Valium

Cheap Valium

Buy Valium

Buy Valium

Valium

Ambien

Valium

Cigarettes

Buy Valium

Valium

Ambien

Phentermine

Buy Cialis

Ambien

Viagra

Buy Phentermine

Xanax

Cheap Valium

Buy Phentermine

Ambien

Phentermine

Tqzcrld

JsLCBVQ Tqzcrld

PPgaXsh

eUbewOIB PPgaXsh

Став

Ристе Темјановски, професор по транспорт и шпедиција
Коридорите низ Македонија се од европски интерес
Како до подобар успех во работата
Компаниите со препознатлива оригиналност
Методи Мајнов, Мој Фонд АД Скопје
Дон Кихот и ветерниците

Mуабети

Муабети од улица Македонија
Стари скопјани и нови дечки

Анкета

Колку пари ќе заштедите ако не пушите:


ТОП ДОБИТНИЦИ

ОХИС 2,57%
РЖИТ
1,25%
РАДЕ
0,70%
РМДЕН05
0,36%


ТОП ГУБИТНИЦИ

ОКТА
-11,24%
РЖЛЕ -9,84%
РЖУС -9,67%
ТПЛФ -8,84%
ГРНТ
-5,61%

БЕРЗАНТ

МБИ 10 2,852 02
-4,00%
МБИД 3,042 61
-4,66%
ОМБ 109 79
-0,06%

КУРСНА ЛИСТА

EUR 60.88 61.49
USD 40.39 40.79
GBP 66.91 67.58
CHF 40.37 40.78







ЗА НАС ПРЕТПЛАТА МАРКЕТИНГ КОНТАКТ

Проект на ЏИН ПРОДУКЦИЈА и Здружението на економски новинари

Адреса: Бул. Партизански одреди 2/16, ТЦ Буњаковец, 1000 Скопје , Тел. 02/ 3239 800 , Факс 02/ 3239 655 , email: redakcija@biznis24.com.mk

2009 © Сите права се задржани