Петок
19.03.2010










Европа нема драконски закони како нашите

Забраната за пушење на јавни места

smok
За да се предупреди за штетното дејство на цигарите, Владата на Србија усвои Предлог закон за заштита од чадот од цигари, кој е во собраниска процедура, што претставува значаен чекор напред во контрола на пушењето, кој треба да доведе до заштита на населението од изложеност на дим од цигари во поголема мера, од досегашната.
Според тој законски предлог, изготвен по исцрпната јавна расправа од неколку месеци, во текот на минатата година, се предвидува забрана за пушење во затворени работни и јавни простории, но на работодавачите им е дозволено да одредат просторија за пушење.
Исклучок претставуваат просториите на државни управи и локалната самоуправа, здравствената заштита, воспитание и образование, општествена грижа за децата, социјална заштита, култура, спорт и рекреација.

Исто така, исклучок се и производствените установи, контролите и промет на лекови, животни намирници, општествена исхрана, медиумите и просториите во кои се врши снимање и јавно емитување, како и простории за одржување на состаноци и јавни собири на граѓаните.

Посебна просторија за пушење може да се обезбеди на работни места надвор од овој список, а во угостителските објекти за исхрана и пијалоци се дозволува поделба на просторот на пушачки и непушачки, со тоа што непушачкиот треба да се наоѓа блиску до влезот. Ако вкупната употребна површина на угостителскиот објект е помала од 80 метри квадратни, тогаш сопственикот може да одбере дали ресторанот ќе биде за пушачи или не.

Со законот се предвидуваат многу по директни овластувања на инспекцијата и тоа не само на здравствената инспекција, туку и во образовните институции, како и Министерството за труд.
Законот е разгледуван во владините тела, се усогласуваше со сите соодветни мислења на различните министерства и претставува продолжеток на активностите од усвојувањето на Рамковната конвенција за контрола на тутунот на Светската здравствена организација од 2006 година и Стратегијата за контрола на тутунот од 2007 година.

Од друга страна, воведувањето на целосна забрана на пушењето на јавни места во Европската унија се покажа како неефикасно и многу земји-членки се одлучија да го изменат законот за забрана на пушење на јавни места и да го прилагодат на сегашната економска криза.
Така законодавците на германската покраина Баварија, одлучија да дозволат пушење во баровите, така што поголемите барови да издвојат посебни простории за пушачи.

Помалите барови во кои пушењето е дозволено, мора да носат ознака „барови за пушачи“. Со таа одлука заврши целосната забрана за пушење во баровите, рестораните и диско клубовите која важеше од јануари минатата година.

Најстрогата забрана за пушење, воведена во Германија се смета за виновник за лошите резултати на владеачката конзервативна партија на изборите минатиот септември.
Проширување на забраната за пушење во угостителските објекти, во белгискиот Парламент е изгласано во јули минатата година, а според новиот закон за пушење ќе биде дозволено само во барови кои не служат подготвена храна.

Ако барот е помал од 50 квадратни метри, пушењето е дозволено во целиот објект, а ако е поголем, одделот за пушачи треба да заземе помалку од 50 отсто од вкупната површина.
Според истражувањето кое го објави националниот синдикат на вработените, седум од 10 барови одбрале да престанат да служат храна за да ја задржат можноста за дозволено пушење.

По повеќе неуспешни обиди со воведувањето на законот за целосна забрана за пушење, Грција започна примена на нов закон, според кој сопствениците на објекти помали од 70 квадратни метри избираат дали во него ќе се пуши или не, додека сопствениците на поголеми објекти можат да обезбедат одвоен простор за пушачи.

Слично искуство е забележано и во Хрватска, каде Министерството за здравство исто така, се согласи со можноста за измени на законот за целосна забрана за пушење на јавни места, со образложение дека „посебно во време на криза и рецесија“ нема место за такви радикални мерки.

На таквата одлука претходеше петицијата на здружението на угостители на Хрватска, кое даде законски предлог со кој на објектите до 50 квадратни метри им се дава можност да изберат дали ќе бидат наменети за пушачи или за непушачи.

Инаку, од воведувањето на целосната забрана за пушење, во Хрватска беа затворени повеќе од 100 кафулиња, а прометот падна и до 80 отсто.
Во Винковци и Сињ против таа одлука штрајкуваа со 24 часовно затворени врати на угостителските објекти, а ширум Хрватска се распиша петиција околу која се очекуваат околу 300.000 потписи на граѓаните.

Светската здравствена организација укажува дека пушењето е најголема поединечна причина за смртноста на населението, а анализите покажуваат дека половината пушачи во светот, околу 650 милиони луѓе, ќе умрат од болести предизвикани од пушење.
Меѓу првите земји кои го забранија пушењето на јавни места во 2002 година беше Грција, но тоа не се спроведуваше во баровите во таа земја, а строга забрана за пушење на јавни места се воведе во Норвешка, Малта, Шведска, Велика Британија, Шпанија, Летонија, Литванија, Естонија, Франција, Финска, Данска, Белгија и Исланд.

Пушачите не можат да го остават пушењето без потешкотии, иако сакаат тоа да го направат и знаат дека тоа е витално за заштита на нивното здравје и здравјето на најблиските во околината, поради зависноста од цигари.
Никотинот е супстанција во тутунот која предизвикува зависност, благодарение на неговото дејство на никотинските рецептори во централниот нервен систем.

Ефектите од никотинот на централниот нервен систем се појавуваат и делуваат на ист начин како дрогата, хероинот и кокаинот, кои предизвикуваат модификација на некои телесни функции.
Може да ги забрза менталните процеси, предизвикува вистинска анксиозност, но и го подобрува физичкото функционирање и создава пријатно чувство.
Светската здравствена организација смета дека секоја внесена психоделична супстанција во организмот, може да модифицира една или повеќе функции.

Според СЗО, тоа се супстанции или смеси на супстанции кои делуваат на централниот нервен систем (мозокот) и предизвикуваат промени во доживувањата и однесувањето, а со скусување на таа супстанција која ги модифицирала функциите, се појавуваат разни симптоми кои се дефинираат како „симптоми на апстиненцијална криза“ или „асптиненцијален синдром“.

Зависноста од тутунот е призната како болест во Меѓународната класификација на болести на СЗО и Американското психијатриско здружение за дијагностика и статистика.
Кризата која почнува веќе по два часа, може да трае и до шест месеци, а пушачот е соочен со желба за цигари, тој е со променливо расположение, вознемирен, со знаци на анксиозност и депресивни реакции. Срцевата работа е забавена, концентрацијата пониска, метаболизмот е забавен, забележана е постојана глад...

Она што го олеснува процесот на одвикнување од пушењето и ја намалува апстиненцијалната криза предизвикана со скусувањето на никотинот од тутунот, се средства за супституција на никотинот (Никотин реплејсмент терапи - НРТ) и за сега тие се единствени, официјално одобрени средства за таа намена, кои се со никотин.
НРТ го вклучува никотинот во форма на фластер, мастики, усен спреј, инхалатор и микро таблети и овој третман има за цел да го замени никотинот од цигарите и да ја намали апстиненцијалната криза која го следи процесот на одвикнување од пушењето.

Експертите укажуваат дека без помош само еден од тројџа пушачи се обидуваат да ги остават цигарите, како и тоа дека само 30 отсто пушачи успеале да издржат два дена без цигари.
Без стручна помош, само три отсто пушачи се излекуваат од прв пат, а половина од нив сепак успеваат во своите намери, но од пет до седум обиди во рок од пет до 10 години.

Коментари

Ambien

Buy Cialis

aIviYzuNfirOmDMudwu

Ambien

Xanax

Buy Valium

Cheap Phentermine

Buy Cialis

Cialis

Ambien

Buy Cialis Online

DYTkezANvSVynPaA

Lomwefgbnbv

OHBdEdeHLUZDQE

Wefwjnegjjw Серьга для похудения мухиной Похудеть на кофе Состав чая для похудения Меры защиты от компьютерных вирусов Бег для сжигания жира Как похудеть после кормления грудью Покер скачать бесплатную игру Шейпинг диета Нумерология лотерея Боос похудел Игровой автомат fruit cocktail Похудеть за 30 дней Уксус для похудения отзывы Аудио гипноз для похудения скачать Официальный сайт лотереи green card Обряд на похудение Скачать спамооборону Антиспам форум Клуб любителей нард Худеем с телесемь Акции покер Правильное питание после 40 лет Барабан для лотереи купить Диета и спорт Лучшие программы антишпионы Щитовидная железа и лишний вес Лотерея лото на енисее Скачать бесплатно интернет казино Диета для похудения боков Реальная диета для похудения Лотерея к новому году Игровые автоматы give money Ка убрать живот the bat защита от вирусов Найти автоматы игровые скачать бесплатно Рулетка лазерная disto

Став

Соња Лепиткова – заменик министер за животна средина
Големи проекти за отпадните води
Ристе Темјановски, професор по транспорт и шпедиција
Коридорите низ Македонија се од европски интерес
Како до подобар успех во работата
Компаниите со препознатлива оригиналност

Mуабети

Муабети од улица Македонија
АЗИЛИЈАДА

Анкета

Колку пари ќе заштедите ако не пушите:


ТОП ДОБИТНИЦИ

ИЈУГ 20,00%
ФАКМ
20,20%
ЕМО
10,00%
БЕСК
8,32%
СТИЛ 4,60%

ТОП ГУБИТНИЦИ

ЦЕВИ
-3,00%
РЖУС -1,99%
РМДЕН08 -0,53%




БЕРЗАНТ

МБИ 10 2,707 10
1,40%
МБИД 3,074 72
0,67%
ОМБ 110 76
-0,15%

КУРСНА ЛИСТА

EUR 60.88 61.49
USD 40.39 40.79
GBP 66.91 67.58
CHF 40.37 40.78








ЗА НАС ПРЕТПЛАТА МАРКЕТИНГ КОНТАКТ

Проект на ЏИН ПРОДУКЦИЈА и Здружението на економски новинари

Адреса: Бул. Партизански одреди 2/16, ТЦ Буњаковец, 1000 Скопје , Тел. 02/ 3239 800 , Факс 02/ 3239 655 , email: redakcija@biznis24.com.mk

2009 © Сите права се задржани