Петок
19.03.2010










Отпуштањата се нижат, а вработеноста расте!?

Македонски статистички феномен

nevrabotenost
Судејќи според податоците на нашата официјална статистика, Македонија е една од ретките, ако не и единствена држава на земјината топка каде што бројот на вработените се зголемува. И тоа во ситуација кога земјава не само што не излегла од рецесија, за разлика од повеќето развиени економии, туку таа кај нас се продлабочува. Така, минусот во третиот лански квартал изнесуваше 1,8 проценти, наспроти опаѓањето на економијата од 0,9 отсто во првото и 1,4 проценти во второто тримесечје.

Инаку, македонските државни статистичари соопштија дека стапката на вработеност во третиот квартал минатата година изнесувала 39,2 отсто од активното население. За споредба, таа во истиот период во 2008. беше на нивото од 38 проценти, па оттука статистичкото зголемување од 1,2 отсто.

Во третиот квартал лани во Македонија беа регистрирани 642,5 илјади вработени и 298 илјади невработени лица. Притоа, според официјалните податоци, вработеноста се зголеми за 3,7 проценти во споредба со периодот од јули до септември 2008., со истовремено намалување на невработеноста за 2,3 отсто.

Само по себе се поставува прашањето: на што се должат таквите трендови? Односно кои се тие лица и каде се вработиле? Единствено е потврден новиот контингент вработувања на 1.200 луѓе во државната администрација, и тоа врз основа на Рамковниот договор. Но, тој квантум не е доволен за исполнување на процентуалната квота од 3,7 отсто нови вработувања.

Од друга страна, синдикатите оперираат со податокот според кој, во последнава година, кога и земјава беше зафатена од глобалната економска криза, од работа се отпуштени триесетина илјади работници. Пред се во текстилната, кожарската и металската индустрија, како и во рударството. Тоа не значи ништо друго освен дека бројот на невработените фактички е зголемен, а не намален.

Најголем дел од тие луѓе се отпуштени привремено, при што добиваат извесен паричен надоместок колку да преживеат и не се пријавени во Агенцијата за вработување. Во спротивно, Македонија со 330 илјади невработени на два милиони жители вкупно население уште повеќе ќе се зацврстеше на европскиот врв во таа смисла, каде што е и сега.

Ако се проследат статистичките податоци за последниве три-четири години, паѓа во очи тоа што откако актуелнава вмровска гарнитура ја запоседна власта стапката на вработеност во државава има тренд на постојано зголемување, а невработеноста опаѓа. Конкретно, од 36,2 отсто на крајот на 2007 година, стапката на вработеност во третиот квартал од 2009 година се искачи на 39,2 проценти. Паралелно, невработеноста рапидно опаѓа - од 34,9 отсто во 2007.
преку 33,8 отсто во 2008. на 31,7 проценти во третиот минатогодишен квартал.

Поинаку кажано, бројот на невработените во последниве три години од 316.905 е намален на 298.120.
Така вели статистиката. А практиката покажува дека да се добие работа во оваа држава со речиси секнати домашни инвестиции и уште помалку странски е еднакво на добивањето бинго. Фирмите, особено во последнава година, во општо познатите услови за бизнис мака мачат да ги задржат постојните вработени, а камоли да размислуваат за нови.

Што беше тоа етатизам?

Државата - најголем работодавец

Државата Република Македонија на својот платен список, врз разни основи, има околу 140 илјади луѓе. Сите објективни анализи, домашни и странски, укажуваат дека е тоа премногу за една земја со толкав број жители и со таква економска моќ. Според некои експертизи, тој квантум слободно би можело да се намали барем за една третина, со истовремено зголемување на ефикасноста на работењето, без да се почувствуваат последици во однос на функционирањето на државата.

Меѓутоа, платниот список се зголемува од година на година од страна на тие што ќе ја освојат власта, а со тоа и парите за плаќање на новодојденците во друштвото. Властодршците на тој начин им се оддолжуваат на своите партиски војници, создавајќи патем и база на доверливи гласачи кои ќе знаат како да гласаат на следните избори.

Т. Муневски

Коментари

Valium

Phentermine

WsfOTnfXvu

Xanax

Xanax

Buy Viagra

Buy Xanax

Cialis

Cheap Valium

Valium

Cheap Ambien

TKioEMObjkqpZDPNsD

Jusdbfedfwf

nucjWKqfzDUTIC

Hjuasdfasef www geron ru лотерея проверить Худеем на работе Длинные нарды 2 скачать Диета после язвы Гусарская рулетка Антишпион Худеем за неделю где купить Убрать живот за молодые дней Стратегии игры в рулетку Покер для 5800 Гарена техасский холдем покер Буксировочный трос рулетка Игровые автоматы лягушки онлайн Как выйграть в рулетку Руп белорусские лотереи Диета при коликах Очень надо похудеть Система упражнений для похудения Стратегия тотализатора Бесплатно упражнения для похудения Игры с выводом реальных денег Как защитить ребенка от вирусов Диета для больных сахарным диабетом Отзывы казино голдфишка Подбор диеты бесплатно Викторина здоровое питание Скачать бесплатно без регистрации казино Национальная ассоциация диетологов и нутрициологов Утилита spybot антишпион Хепберн как похудеть без диеты Золотой шарик для похудения Скачать нарды для nokia Правильное питание при занятиях спортом Нарды длинные играть Игровые автоматы ижевск Защита сайта от вирусов Эмуляторы игровых автоматов скачать multigaminator Как сбросить вес на бедрах

Став

Соња Лепиткова – заменик министер за животна средина
Големи проекти за отпадните води
Ристе Темјановски, професор по транспорт и шпедиција
Коридорите низ Македонија се од европски интерес
Како до подобар успех во работата
Компаниите со препознатлива оригиналност

Mуабети

Муабети од улица Македонија
АЗИЛИЈАДА

Анкета

Колку пари ќе заштедите ако не пушите:


ТОП ДОБИТНИЦИ

ИЈУГ 20,00%
ФАКМ
20,20%
ЕМО
10,00%
БЕСК
8,32%
СТИЛ 4,60%

ТОП ГУБИТНИЦИ

ЦЕВИ
-3,00%
РЖУС -1,99%
РМДЕН08 -0,53%




БЕРЗАНТ

МБИ 10 2,707 10
1,40%
МБИД 3,074 72
0,67%
ОМБ 110 76
-0,15%

КУРСНА ЛИСТА

EUR 60.88 61.49
USD 40.39 40.79
GBP 66.91 67.58
CHF 40.37 40.78








ЗА НАС ПРЕТПЛАТА МАРКЕТИНГ КОНТАКТ

Проект на ЏИН ПРОДУКЦИЈА и Здружението на економски новинари

Адреса: Бул. Партизански одреди 2/16, ТЦ Буњаковец, 1000 Скопје , Тел. 02/ 3239 800 , Факс 02/ 3239 655 , email: redakcija@biznis24.com.mk

2009 © Сите права се задржани