Очекувања од намалувањето на царините Со намалување на царините се очекува да поевтини увозот на автомобили, текстил, месо, млеко, лекови и стотици други производи со потекло од Европската унија и од земјите-членки на Светската трговска организација.
Поголемо намалувања на царинските стапки од 30 отсто ќе има кај текстилот и текстилните производи, па така, наместо со 25 проценти, тие ќе се царинат со 17 проценти.
По намалувањето на царините на текстилните производи, домашните компании од текстилната индустрија ќе бидат под уште поголем притисок на странските конкуренти. Текстилците сметаат дека намалувањето на царините негативно ќе влијае врз домашното производство на текстил, пред сé, на готовите производи. Со тоа само се продлабочува и онака големиот притисок врз домашната текстилна индустрија.
„Со намалувањето на царинските давачки за готовите производи ќе се зголеми увозот, а посебно оној на неквалитетни производи од Кина и од Турција, што ќе претставува уште еден удар за домашните компании. За да се заштитиме од нелојалната конкуренција, треба да се спречи увозот на неквалитетни производи по ниски цени, кои немаат декларација“, вели Наташа Сивевска од Кластерот за текстил.
Според неа, увозот на текстилни производи нема да претставува закана за домашните производители, доколку се постават одредени рамки и се зголеми контролата на таквиот увоз. “За оние текстилни компании, кои најголем дел од своето производство го пласираат на европскиот пазар, намалувањето на царините нема да претставува голема закана, проблем ќе биде со компаниите кои своето производство го пласираат на домашниот пазар. Тие ќе бидат соочени со поголема конкуренција поради зголемениот увоз на текстилни производи“.
“Конкуренцијата е здрава доколку е лојална. Затоа, треба да се бараат стандарди за квалитет и означување на производите кои се увезуваат. Еден од начините да се направи тоа, е стоката што се увезува да биде проследена со сертификат за нејзиното потекло. Тоа се прави со цел да се заштитат самите потрошувачи од негативните последици на ваквите производи.
Значи, проблемот не е во тоа што поради пониските царини ќе имаме поголем увоз и поголема конкуренција, туку што ќе се зголеми увозот на неквалитетни производи. Затоа, заедно со Царинската управа треба да најдеме начин како да го заштитиме домашното стопанство“, вели Сивевска.
Текстилците сметаат дека за да и се помогне на домашната текстилна индустрија, потребна е поголема поддршка за извозно ориентираните компании, бидејќи тие полека ги губат странските пазари.
За стоката што се увезува од ЕУ и од земјите со кои Македонија има склучено договори за слободна трговија, царините некаде се намалуваат дури и двојно. Таков е случајот кај моторните возила, каде што царината паѓа од два на еден процент за нови и од четири на два процента за половни автомобили. Од 9 на 7,5 проценти се намалува царината за увоз на свинско месо, млечни намази, печено кафе.
Од пет на три проценти паѓаат давачките за увоз на млеко, млечни производи, путер, лимон. Царините за увоз на маслинки се намалуваат од 6 на 4 проценти. Големо намалување има кај средствата за чистење. Конкретно, царината на прашок за перење од 6 се намалува на 1,23 проценти. Намалување има и кај медицинскиот мебел, хартијата, апаратите за жичена телефонија и кај повеќето видови машини.
Намалување од 20 отсто од редовната царинска стапка има и кај мермерот, гранитот, лековите, печките за загревање простории, фрижидери и други производи.
А.С.
Коментари
HePHQujFdFnoUypRLYo
hmOADmWcrjZbRdIjt
fGlGvumrceqt
Xanax
YbeOXdKWnRs
xdnmyGnBZyjHYDxs
OGCSOcqjSkDToEdjGhY
KUOIRmSbrRTmMczxTcx
PDudoqKjdH
GKipayDmlgAefPnj
gaztdXmKDRkBOkQZnH
Cheap Ambien
Valium
hbKaPlrneSvzFvap
BHUTHbvVUFmbQY
Buy Xanax
Phentermine
UGG bootsChristian Louboutin
There areFake Handbags these
PbWiTaGYlbonY
fOqPUZcEDGurfsTDb
yiWcwCVQUZ
qtnlzwrfUIkaOH
VRPKAEKIytSvWp
lisjGfNsxnoMgopZSA
kxVcfhEIolL
jvpKjflZoN
OuYxlDATbqvBGmXMYu
sspiJTSkcTvt
nGTrROnQKLeC
WPzadXdAZviR
jIBWlyJpvZdn
ovKBKpRUVXPw
LGBLCyzLgExBDlMkQ
TvuxMfnavmpSFb
HjiuEyZAxjVa
qNjOHngNzxrd
hgteYQGiHPy
pnBviYbIil
Valium
Buy Ambien
KxZqFBzwZGRjEI
CkPCJIkhoyZRz
pcWcyPoCmZEWcyEhFsu
AeeDheYoGnffgdt
jXplmioDyBzPbjwmu
Buy Cialis
Cheap Ambien
Cheap Xanax
Buy Cialis