Четврток
11.03.2010










Потрошувачите оставија во продавниците 1,5 милијарди евра

Статистички скениран прометот во 2009 година

vtor
Крајно осиромашените граѓани, чии семејни буџети дополнително се истенчија со глобалната криза прелеана во Македонија, едвај врзуваат крај со крај во месецот, при што се купува само егзистенцијално неопходното. Меѓутоа, наспроти искажувањата на трговците од речиси сите бранши кои лелекаат поради драстично опаднатиот промет, вклучувајќи ги тука дури и прехранбените производи, официјалната државна статистика вели дека состојбата и не е така лоша.
Според претходните, односно се уште неофицијализирани податоци за минатата година, во трговијата на мало е остварен промет од 92.063 милиони денари, односно околу 1,5 милијарди евра. Споредено со 2008 година, станува збор за намалување од само 1,6 проценти, што ако се има предвид сеопштиот контекст, тоа е во границите на издржливоста.

Паѓа во очи исто така показателот според кој минатогодишниот промет на малотрговците е поголем, на пример, од тој остварен во 2007 година, кога немаше абер од некаква криза. Тогаш трговијата на мало инкасира 83.798 милиони денари, односно нецели 1,4 милијарди денари.

Само по себе се поставува прашањево: како е тоа можно кога и со голо око се гледа дека стандардот на населението не само што не е зголемен, туку е засилено стрмоглавен? Претходните податоци на Државниот завод за статистика велат дека ланскиот промет е реално зголемен за 0,7 проценти од реализираниот во 2008.!?
Од друга страна, поголемо опаѓање е забележано кај трговијата на големо, и тоа за 8,6 проценти. Врз таа основа, минатата година беа остварени 130.127 милиони денари, односно 2,1 милијарда евра, во однос на 142.343 милиони односно 2,3 милијарди евра во претходната.

Што се однесува до бројот на продавниците, тој лани изнесуваше 6.410, а тоа значи зголемување од 1,7 проценти во споредба со 2008 година, кога во евиденцијата имаше 6.300 маркети од секаков вид. Сето тоа се случува во ситуација кога масовно се затвораат бутици и други продавници, на кои стои написот „се издава“. Инаку, во 2001 година во Македонија имаше 7.788 продавници.

Кога станува збор за бројот на регистрираните работници во внатрешната трговија, тој од 15.226 во 1997 година во 2007. достигна 20.855. Во практиката сега е присутна тенденцијата на отпуштање на вработените од едноставна причина што се помалку пари се ставаат во касите.

Според претходните статистички податоци, индексот на цените на мало во 2009 година беше понизок за 1,3 отсто во споредба со 2008 година. Позначително намалување имаше кај земјоделските производи (5,4 проценти), кај непрехранбените индустриски производи (три отсто) и кај индустриско-прехранбените производи (0,9 отсто). Истовремено, цените на услугите лани останаа непроменети, а статистиката регистрира поскапување на пијалаците за 7,1 процент.

Како резултат од движењата на цените на мало, трошоците на животот во делот на исхраната беа пониски за 1,6 проценти. Зголемување, пак, имаше кај тутунот и пијалаците (четири отсто), облеката и обувките (0,3), станарината и придружните трошоци (2,2), огревот и осветлението (7,1), покуќнината (1,8), хигиената и здравјето (2,2) и кај угостителските услуги (2,4 проценти).

Т. Муневски

Коментари

Cheap viagra

Valium

Cheap Ambien

Cheap Valium

Ambien

Cheap Valium

Viagra

Viagra

Cheap Phentermine

Buy Cialis Online

Valium

Cialis

Buy Phentermine

Cialis

Buy Viagra online

Xanax

Ambien

Cheap Ambien

tIXIeV

HpkMPkmb tIXIeV

Став

Како до подобар успех во работата
Компаниите со препознатлива оригиналност
Методи Мајнов, Мој Фонд АД Скопје
Дон Кихот и ветерниците
Горан Коевски, професор по трговско право
Писмените договори - најдобри за младите бизнисмени

Mуабети

Муабети од улица Македонија
Стари скопјани и нови дечки

Анкета

Колку пари ќе заштедите ако не пушите:


ТОП ДОБИТНИЦИ

ОХИС 2,57%
РЖИТ
1,25%
РАДЕ
0,70%
РМДЕН05
0,36%


ТОП ГУБИТНИЦИ

ОКТА
-11,24%
РЖЛЕ -9,84%
РЖУС -9,67%
ТПЛФ -8,84%
ГРНТ
-5,61%

БЕРЗАНТ

МБИ 10 2,852 02
-4,00%
МБИД 3,042 61
-4,66%
ОМБ 109 79
-0,06%

КУРСНА ЛИСТА

EUR 60.88 61.49
USD 40.39 40.79
GBP 66.91 67.58
CHF 40.37 40.78







ЗА НАС ПРЕТПЛАТА МАРКЕТИНГ КОНТАКТ

Проект на ЏИН ПРОДУКЦИЈА и Здружението на економски новинари

Адреса: Бул. Партизански одреди 2/16, ТЦ Буњаковец, 1000 Скопје , Тел. 02/ 3239 800 , Факс 02/ 3239 655 , email: redakcija@biznis24.com.mk

2009 © Сите права се задржани