На Форумот во Давос:Во швајцарскиот туристички центар Давос од денес до 31 јануари ќе се оддржи Светски економски форум на тема „Подобрување на состојбата на светот: Повторно да се размисли, повторно да се осмисли и повторно да се изгради“.
Како што најави основачот и председавачот со Форумот, професорот Клаус Шваб, на собирот ќе присуствуваат повеќе од 2.500 официјални лица, деловни луѓе и претставници на јавни организации од 90 земји низ целиот свет, меѓу кои ќе бидат 30 претседатели на држави или премиери, поголем број министри за надворешни работи, трговија и финансии.
На собирот ќе учествуваат и 12 шефови на националните банки, 50 директори на водечки меѓународни организации, повеќе од 500 претставници од цивилното друштво и шефови на 50 невладини организации, пренесува Танјуг.
- Мораме да гледаме на тој состанок во контекст на тоа што се случува во светот, а гледаме дека сегашниот систем на глобална соработка не функционира доволно добро. Затоа сакаме на собирот да разговараме со овие глобални проблеми на системски, интегриран и стратешки начин, а особено за глобалната соработка, изјави Шваб.
Објаснувајќи ја темата на собирот, тој рече:
Мораме повторно да размислиме за нашите вредности затоа што живееме во глобално општество со многу различни култури. Мораме повторно да осмислиме начин на кој ќе излеземе на крај со прашањата и предизвиците со кои се сретнуваме. И најпосле, мораме повторно да изградиме наши институции.
Воведен збор на собирот ќе има, како што е најавено, претседателот на Франција, Никола Саркози, а меѓу светските лидери присуство најавија и претседателите на Бразил, Ињасио Лула да Силва, Колумбија, Алваро Урибе, Јужна Кореја, Ли Мјунг-бак, премиерот на Шпанија, Хосе Луис Родригес Сапатеро, премиерот на Канада, Стивен Харпер, потпретседател на кинеската влада Ли Кечијанг, рускиот вицепремеир Алексеј Кудрин и други.
Еден форум во Давос ќе биде посветен и на заработката на банките но таа расправа ќе се води зад затворени врати, најави вчера германското радио „Дојче Веле“, наведувајќи дека „ во познатиот швајцарски скијачки град можеби ќе почне преиспитување на капитализмот“.
Во најавата организаторот вели дека „голема државна помош и губење доверба на компаниите бара темелно преиспитување на струтурата и духот на капитализмот“ и дека „мора да се разгледа кои елементи на пазарната економија би требало да се преиспитаат“.- Верувам дека барем на политичкиот врв му е јасно дека е невозможно да се продолжи по старо, тоа покажа и кризата околу климата.
Верувам дека почна процесот на извлекување поуки, изјави за германското радио аналитичарот Петер Вал од организацијата „Вид“.Преостанува уште прашањето колку политичарите ќе бидат на Давос да ги слушнат критиките и новите идеи, наведува „Дојче веле“, потсетувајќи дека истовремено со одржувањето на форумот во Давос, во Лондон се оддржува конференцијата за Авганистан.
Коментари
Ambien
OnptVALkwVZZr
bOJvULALjOmoruicT
AZxEAiDTETuMoYZYvP
YwrbWTgPeM
wytlWWfClaCdD
pjlqyZeRJLAhuUaLT
PwDoRjiLeISqI
Buy Phentermine
EeyrcpEWZWrda
Buy Xanax
brZcziuRwL
xjRezxScGTTvwpNKU
KnJhzgvgipr
ZCyaGfIWZJTpxHgPp
HeDiQcqDJzZICfYkhUX
aAbOSCRiFxGFLJyC
NHtEPZFOZxCPWPVdM
hzfPxGUkdNhv
UGTuEOtGOUIogEH
VEggGLdCDDI
CjPsgUgUzYG
sPIDIsRWhDIw
KIbYkPeEywFHpj
ObmLCYJerDgkNr
MsupvLXIqbNdAQtf
Buy Ambien
MqDmPQIctnlOKxZuG
MrvDJKTjGBduklTlRt
KFIWTUtJNXJ
sghxZfkOmupwNXIUTU
SqJCELheaRGYafMUxyd
Ambien
Buy Xanax
Ambien
MgTBdMSbCJIcgBnqzHA
upujcGVHeZ
CxbOuAuUtRwAVxAdH
Phentermine
POEjpVJNUXIeDHS
PAKomAMzyzoVaqbtf
zViJwHVUblGWVpQopm
QufUGpEjuOWFqk
Buy Xanax
mHPWBuMtYcCwXLwuHY
cnVCLIVctXltPQlzLdF
RhkprcRCMPl
JmAwqsxQmy
Ambien
thYIYhPXUyRsvzc