Муабети од улица МакедонијаДа ти е... животот кога убавите моменти, како минатиот викенд, ти се случуваат толку ретко во годината, што од радост, едноставно, почнуваш да лебдиш во воздухот, ми вели Калин додека на научна основа протегаме нозе по студот заради раздвижување на мускулите и подобар крвоток кој живот значи.Тоа што нозете, ушите и рацете ни смрзнаа, а носот ни стана издашно кладенче, нема врска.
- Што те расположило толку? Да не најде некој ќуп со алтани од прадедо ти или фати нешто во обложувачница? - го прашувам.
-Не бе, не е се во парите иако без нив не се може. Македончето навикнало со векови да живее скромно и во сета таа немаштија знаело да се весели. Прво се почуствував горд кога прочитав дека нашиот деветгодишен Марко Ќаласан стана најмладиот програмер-инженер на „Мајкрсофт“. Прошетав по интернет и видов дека немаше сајт, весник или агенција која не ја објави оваа информација, вели Калин.
-Имаш право,- му велам. - Нека види светот дека не сме само тутулебалиња, дека и кај нас има паметни луѓе. А бе, по пет пати ја читав веста и интервјуата што ги дал тој, затоа што ми беше мило на душата, се надоврзав.
-А во неделата вечер не можев да ги сопрам солзите од измешаните чуства на тага и гордост гледајќи го хуманитарниот концерт организиран по повод роденденот на Тоше. Балканските и нашите ѕвезди со интерпретацијата на песните од Тоше и за Тоше направија врвна музичка манифестација што ја следеа повеќе од 20 милиони луѓе од Балканот и од светот. Морници ми го тресеа телото речиси по секоја песна, а потоа читам дека така се чувствувал и милионскиот аудиториум - продолжи Калин.
- Јас, пак, прочитав дека Крушево, освен српски и хрватски граѓани, се повеќе го посетуваат и Бугари. Покрај мотивот да го посетат гробот на Тоше, луѓето може да ги видат убавините на Македонија. Нив сигурно ги трогна хуманоста на Тоше, но и одлично направениот видео-клип за осветлувањето на манастирот - возвратив јас.
- И така, додека со соседите сите со навлажнети очи ја следиме убавината што доаѓа од салата „Борис Трајковски“, ѕвони телефонот и ми се јавува Бојан. “Виде ли како игра Пандев? Растура човекот! Еве сега само што го проигра Милито, а овој уште подобро шутираше и му даде гол на Милан. Интер води со 1:0 “, објаснува Калин, додавајќи дека тоа било пат-ситуација и не знаел што побргу да гледа.
- Зошто не го гледаше преносот од натпреварот Интер-Милан? Концертот сигурно ќе го репризираат уште неколку пати, па ќе можеш на раат да уживаш - му се обратив
-Така и направив. Со соседот се префрливме во другата соба и продолживме да го гледаме дербито на калчо-лигата. Како играше Пандев, Роналдињо, Пирло и компанија не се видоа, а на оние од одбраната на Милан не само што *рбетот им го искрши, туку од слободен удар им даде гол за паметење.
Со левата нога, без голем залет, топката ја упати преку живиот ѕид во самиот агол. А бе, еврогол... Знаеш ли дека Роналдињо не сакал да застане во живиот ѕид со грбот свртен кон голот? Кога го праашле зошто, тој им одговорил дека и самиот сакал да ужива, гледајќи го голот што ќе го даде Пандев - се пошегува Калин.
- И јас разбрав од еуфоричните извици на соседите дека Пандев дал еврогол. Веднаш отидов до другиот телевизор и уживав во репетицијата. Какво мајсторство со кое на Интер му ја обезбеди победата во клучниот натпревар со вечниот месен ривал за освојување на шампионската титула на Италија.
Ми беше неопишливо драго. Патриотските чувства и гордост уште повеќе ме навјасаа откако помислив дека во тој момент Македонија е во центарот на вниманието во Европа и светот поради тоа што преносот од салата “Борис ТРајковски“ го следеле над 20 милиони луѓе, а преносот од миланското дерби повеќе од 200 милиони луѓе во Европа, Северна и Јужна Америка, Африка и Австралија.
Никој Тоше или Пандев не ги ословуваше како фиромовци, туку како Македонци. Така се прави афирмација на Македонија, на нашиот идентитет, култура и традиција. Милина една силна, како што вели композиторот Љупчо Константинов во песната “Убавино – ти ме заморуваш веќе...“, ги изустив овие зборови со големо задоволство.
- Ајде, премрзнавме веќе, - ми вели Калин, - да влеземе во кафеаната, таму сугурно веќе стигнал Бојан.
Седнуваме и нарачуваме по една ракија, за да се згрееме. И Бојан уште под пресија од прекрасните мигови што ни се случија викендов. Додека така лебдевме на крилата на убавината, на масата ни се тупоса баџанакот на Калин.
-Ајде аирлија, од март ќе си купуваме евтини коли од Запад. Ќе се моторизираме со нисани, мегани, алфа-ромеа - почна тој.
- Идејата може да биде добра, ама ние од брзоплетост сите работи ги упропастуваме. Така беше со ХАСАП-системот, со Законот за пушење... Се плашам да не биде така и со увозот на стари коли. Да не го собереме само кршот и потоа со гас-маски да се шетаме за да не се задушиме од отровни гасови. Ама кога го видов Влатко Ѓорчев како собира информации за увоз на половни возила од гледачите и им закажува средби во Собранието и Владата, ми пукна филмот.
Па, има ли оваа Влада Министерството за транспорт, стручни тимови, амбасадори во странство кои ќе достават релевантни информации за прописите и начинот на извоз на половни возила!? Испаѓа дека тие во министерествата само јадат бурек, а тв-емисијата “Јади бурек“ му доаѓа некако како нивен истурен секретаријат кој треба да ја заврши нивната работа. После уставен суд им е виновен што им ги урива законите - кажав револтирано.
- Да бе, - вели Бојан. - Види сега откога овие непушачите навалија по кафулињата и кафеаните и од нив слободно место не можеш да најдеш, властите сфатија дека треба да го менуваат законот, ама пак брзоплето. Ќе дозволеле пушење на терасите од март до октомври, а внатре во кафеаните само во непарни денови. Сето ова ме потсетува на едно друго време кога возевме коли и имавме струја во парни и непарни денови...
Тимчо Апостолов
Коментари
Cheap Phentermine
Cialis
Phentermine
Cialis
Xanax
Cheap Ambien
Buy Viagra online
Valium
Cigarettes
Ambien
Viagra
Cheap Ambien
Buy Phentermine
HLSGdAooUbSmwkHjIr
Phentermine
Buy Cialis
Buy Phentermine
Xanax
Phentermine
CfRasw