Во 2010, како пост-кризна година, се очекува да дојде до закрепнување на економијата и враќање на позитивната стапка на економски раст, при што се предвидува дека бруто домашниот производ ќе порасне за два насто, а толкава треба да биде и стапката на инфлација. Остварувањето на предвидениот економски раст во текот на годинава ќе биде овозможено преку зголемената извозна побарувачка на македонските производи, врз основа на заздравување на европските економии. Ова е дел од предвидувањата за македонската економија во наредните две години, кои се дел од владината фискална стратегија за периодот 2010 – 2012 година.
„Владата на Република Македонија останува доследна на своите заложби да обезбеди континуитет на економската политика, насочена кон забрзување на економскиот раст, зголемување на конкурентноста на македонската економија и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
На среден рок, се очекува ефектите од економската криза во светот да бидат надминати, а Република Македонија да се врати на патеката на остварување релативно високи стапки на економски раст и да го продолжи процесот на приближување кон европските економии“, стои меѓу другото, во документот подготвен од Министерството за финансии.
Во иста насока се очекува да делува и умереното подобрување на состојбите на финансискиот и кредитниот пазар. На среден рок, повисоки стапки на раст се очекуваат во 2011 (3,5 насто) и 2012 година (проектиран раст од пет проценти). Ваквите проекции се темелат на очекувањата за надминување на светската економска
криза во земјите - најголеми трговски партнери на Република Македонија, како и очекуваниот пораст на цените на светските берзи на најзначајните извозни производи во Република Македонија.
Се разбира, светското закрепнување ќе значи и реализација на добар дел од претходно најавените инвестициски проекти во Република Македонија, што ќе придонесе за интензивирање на економската активност.
Од аспект на расходната страна, позитивен придонес врз економскиот раст се очекува да дадат инвестициите и личната потрошувачка, имајќи ги предвид очекувањата за умерен раст на вработеноста и кредитите кон приватниот сектор.
Бруто инвестициите, по силниот пад кој се предвидува за минатата година, се очекува во следниот тригодишен период постепено да заздравуваат и да остварат повторно двоцифрен реален раст во 2011 и 2012 година, како резултат на ефектуирањето на моментално одложените капитални инвестиции поради кризата, како и поради реализацијата на предвидените инфраструктурни проекти
во програмата на Владата.
„Реализацијата на најавените инвестиции во технолошко-индустриските зони, аеродромите, инфраструктурата и енергетиката, се претпоставки врз чија основа се базираат очекувањата за реален раст на инвестициите и нивен позитивен придонес во растот на БДП“. Од друга страна, намалувањето на трошоците на работна сила, како резултат на дополнителното намалување на социјалните придонеси, воспоставениот катастар на целата територија на Република Македонија, ослободувањето на
добивката од оданочување, препораката од страна на Европската комисија за почеток на преговорите, како и намалениот политички и финансиски ризик на земјата, се очекува да претставуваат значаен поттик за странските и за домашните инвеститори.
Општото заживување на европските економии, како и структурните реформи за олеснување на надворешната трговија, се очекува позитивно да влијаат врз извозот, кој се предвидува дека ќе оствари позитивен реален раст од 12 проценти во периодот 2010-2012 година. Со оглед на тоа што македонската економија е високо увозно зависна, односно дека најголем дел од инвестициските производи
(машини и опрема) доаѓаат од увоз, очекувањата се дека увозот ќе расте со стапка од 13 проценти во реални вредности.
Од аспект на производствената страна на БДП, главен двигател на растот се очекува да биде секторот на услуги: трговијата, транспортот, туризмот и финансискиот сектор кои, според предвидувањата, треба да реализираат умерен реален раст во 2010, кој се очекува да се интензивира до 2012 година. Висок раст се предвидува да оствари телекомуникацискиот сектор, имајќи предвид дека Република Македонија сериозно напредува во користењето на информатичката технологија и во процесот на дигитализација.
По очекуваната контракција во 2009 година, надежите се свртени кон постепено заздравување на индустриското производство со реален раст од 2,4 проценти во 2010, 5,6 проценти во 2011 и 7,3 проценти во 2012 година. Во секторот градежништво, како резултат на амбициозната владина програма за инфраструктурален развој на земјата, се предвидува реалниот раст да достигне до 10 проценти во 2012 година (2,3 во 2010 година и 6,6 во 2011 година).
На среден рок се очекува умерен раст на стапката на инфлација, која се предвидува дека ќе биде ниска и во периодот 2010-2012 година ќе се движи помеѓу два и три проценти.
Во социјалниот сектор, пак, се очекува да продолжи растот на вработеноста присутен во текот на изминатата година. Имено, според проекциите, во 2010 година растот на вработеноста се очекува да биде поголем од три проценти, а невработеноста ќе се намали за 1,5 до два проценти. Со тоа, до крајот на годинава, невработеноста во Република Македонија ќе се намали на ниво под 30 проценти.
С.К.
Коментари
YziuwxWQaHSlmC
fLwcSHyYjQnAGywIYP
YETQuFmEuLUQBwybMPj
MeSFyeDgDCiqPB
BXEFsDUSTvEsr
domWjulcndBx
PLTbwcSuKPAHii
IcVJInwEnUPw
HqwpmzMJPcDzcZiHQXp
NuhJAyofBiet
wkDRzRekJKb
UHlXXrxWUCOBIApwvqr
rYnwSqSgsLalor
zelBaThqhBVBG
UCbsBkCHvw
nKkHHRZSArWzFG
zghSLaAwup
LitCoANYZGhcK
bagVZSjkBiZT