Среда
08.09.2010










Indoor advertising - пробив и во Македонија

Новини во рекламирањето

Normal 0 false false false
indoor advert
Откако маркетиншките генијалци ја открија златната формула играјќи на најделикатниот дел од човековата личност т.е неговата желба, почнаа максимално да ја експлоатираат. Едноставното задоволување на потреби се замени со слободата да се генерираат желби. Човекот стана слободен да посакува се за што некогаш не ни сонувал. Рекламирањето стана коскена срж на корпоративниот капитализам. Најважен елемент од рекламирањето не е информацијата туку сугестијата, која создава нови асоцијативни врски, емоции (appeal to emotion), играње со потсвеста на луѓето, стимулирање на човечката нагонската природа , стимулирање на желби како што се: среќа, авантура, забава, идентитет, страв, осаменост....

Како што човекот се затвара, гетоизира во се помали групи, како што станува се потежок за да се стигне до него, како што станува се по скептичен кон надворешниот свет, се јавува потреба од изнаоѓање на интелегентни решенија да се допре до него. Се бара нов, интелегентен, поиндивидуализиран, поинтимизиран пристап. Концептот кој го застапува нашата компанија Highmark отвара нови до сега неексплоатирани можности кај нас.

Indoor advertising е концепт за 21 век. Тоа е медиумско решение кое нуди максимално ефективен начин за пренесување маркетинг порака на начин кој е подвижен, адаптибилен и спремен да одговори на променливите услови на пазарот бидејки содржините брзо и лесно можат да се ажурираат. Често во светот знаат да речат дека ова е начин да се допре таму каде што навистина има луѓе, на начин кој ќе им го привлечe вниманието и на најтешко достапните категории граѓани. Ова е можност да се допре до јасно прецизирани таргет групи конзистентно и ефективно. Indoor advertising-от како медиум ги зајакнува и дополнува традиционалните медиумски кампањи преку пренесување на пораките на начин кој гарантира дека тие максимално ќе се задржат во свеста на идниот клиент.

Вклучува пренесување на маркетинг пораки во станбени и деловни објекти, ресторани, барови, факултети, спортски сали, аеродроми....

Како најефективен меѓу сите горенаведени категории се смета сепак тој сегмент од Indoor advertising - от каде влијанието се фокусира на животниот простор на луѓето. Затоа што секаде обичниот консумент може да ја одмине некоја порака или да одолее на некое влијание, но влијанието кое му се случува во домот, директно во животниот простор е неодминливо. Затоа ние во Highmark се фокусиравме и го развиваме овој сегмент од Indoor – рекламирањето. Концептот е изграден врз неколку стојалишта. Заземени се позиции во стамбени и деловни објекти, факултети, болници. Избрано е најидеално место за поставување на пораката, односно најфрекфентниот дел од внатрешниот простор т.е на приземјето и лифтовите со поставување на миниборди, како и обложување на внатрешноста и вратите на лифтот со самолеплива фолија на која е прикажано одредено креативно решение . Статистиките од испитувањата во светот покажаа дека на 84% од луѓето им е привлечено вниманието од ваквиот начин на пренесување на порака. Самиот факт дека консументот е излозен на влијание подолг временски период (додека се вози или чека лифт) го прави овој медиум идеален за детална информација која преку другите медиуми не може да се пренесе.

Со заземањето на позициите се прават и демографски статистики за категоријата граѓани кои живеат во тој простор со што овој медиум покажува голема и неспоредлива моќ за директно таргетирање на саканата група што резултира со голема фокусираност на неа, прецизност во пристапот и економичност на време, пари и решенија!

Ова е можност да се влијае на одлуката на потрошувачот непосредно пред тој да го направи изборот. Нпр, човек кој тргнал во супермаркет, а непосредно пред тоа бил изложен на влијанието на пораката, сликата и тн, голема е веројатноста да му се детерминира изборот во саканата насока.

Лесно е да се сервира информација. Воедно не е тешко таа да се задржи во потсвеста но многу е битно како таа ке се емоционално обои т.е како ке се кодира во потсвеста. Многу од пристапите се вознемирувачки (нпр. прекинувањата во текот на спортски наптпревар го иритираат секој страствен навивач, и може многу лесно тој да ја кодира информацијата во негативен контекст). Highmark е ценет поради ненаметливата природа. (77% од луѓето сметаат дека има многу прекинувања за реклами на ТВ. 49 % сметаат дека весниците се презаситени со соопштенија).

Highmark со концептот со обложување на лифтовите нуди можност за креативни решенија кои се многу битни за креаторите на кампањите. Се дава можност да се направи една динамична приказна.

Воедно Highmark не дозволува голем број рекламни места на една позиција кои би правеле конфузија кај консументите, затоа што сепак внатрешниот простор е лимитиран но затоа фокусиран.

Со овој медиум се отвора уште една димензија. Придонесуваме за облагородување и разубавување на животниот простор на луѓето. Има и социјална димензија т.е ги мотивираме субјектите да се регистрираат како правни лица и да заземат активен однос во организацијата на својот животен простор почитувајќи ги законите на Р.М.

Прашање- И на крајот кажете ни зошто некој клиент би Ве одбрал токму Вас за да го претстави својот производ или услуга ?

Затоа што добива најмногу за своите пари. Ефектот според експертските испитувања е 5-8 пати поповолен во секој поглед од сите други печатени и електронски медиуми ( цена по посетител, цена по `импресија`, РОИ итн. )

Прво Highmark со своите преку 150 објекти и преку 800 рекламни локации во моментов покрива таргет од преку 100.000 луѓе кои секојдневно и што е уште поважно повеќекратно во текот на денот и ноќта се среќаваат со рекламните пораки.

Второ медиумот едноставно е невозможно да биде незабележан од проста причина што секој од нас повеќе пати во текот на денот влегува и излегува од својот дом, канцеларија и сл. Многу е важно што консументот на пораката има секогаш доволно време да го прочита, види и разбере она што му се нуди како производ или услуга од растојание не поголемо од половина метар.

И на крајот, но не помалку важно е тоа што додека ја перцепирате пораката непосредно пред да донесете одлука никој не ја прекинува Вашата омилена серија, филм, песна, фудбалски натпревар, никој не Ви свири на семафор едноставно го имате потребниот мир и време да го видите и разберете она што Ви се нуди.

Коментари

JXuoTk

DgnLZKVx

ahasdasd

hello nice to see you here, good work, great site, will visit you again

oYbqMRkRHc

Wefwjnegjjw

BroLZZRAUerk

Ewgwergjhvw

Став

Александар Пајковски, управител на „Дуна Компјутери“
Нашиот адут е ULTIMA® - моќен софтвер за моќна компанија
Колкаво е семејното богатство на поранешниот премиер?
Љубчо Георгиевски ‘‘тежи‘‘ близу сто милиони евра?

Mуабети

Анкета

Колку пари планирате да потрошите за летен одмор?:


ТОП ДОБИТНИЦИ

СТИЛ
2,27%
МПТ
1,22%
ГРНТ
0,64%
ТПЛФ
0,64%



ТОП ГУБИТНИЦИ

ЦЕВИ
-2,77%
ТЕЛ
-2,60%
КЈУБИ
-2,44%
СБТ -1,10%
КМБ
-0,52%

БЕРЗАНТ

МБИ 10 2,357 90
0,28%
МБИД 2,579 55
-0,60%
ОМБ 106 18
-0,04%

КУРСНА ЛИСТА

EUR 61.20 61.81
USD 49.39 49.88
GBP 73.37 74.11
CHF 44.54 44.99








ЗА НАС ПРЕТПЛАТА МАРКЕТИНГ КОНТАКТ

Проект на ЏИН ПРОДУКЦИЈА и Здружението на економски новинари

Адреса: Бул. Партизански одреди 2/16, ТЦ Буњаковец, 1000 Скопје , Тел. 02/ 3239 800 , Факс 02/ 3239 655 , email: redakcija@biznis24.com.mk

2009 © Сите права се задржани