Според истражувањето на Wall Street Journal Џобс на чело на „Епл“ дошол во 1997 година, кога компанијата имала поголеми проблеми. Меѓутоа тој, во изминатите 13 години, значително го унапреди работењето и имиџот на познатиот произведувач на компјутери и друга информатичка опрема. Пазарната вредност на „Епл“ беше зголемена во текот на неговото директорување за околу 150 милијарди долари. Сопствениците на акции исто така, имаа голема полза од неговото доаѓање на чело на компанијата, зошто нивните хартии од вредност од година во година „собираа“ се поголеми добивки.
Слични, и доста позитивни оценки поради успешното раководење со „Самсунг“ заслужено доби и Јун кој застана на чело на корескиот гигант за производство на информатичка опрема и разни електонски уреди, вклучувајќи ги и домашните апарати, од 1996 д 2008 година. Тој исто така успеа драстично да ја зголеми пазарната вредност на „Самсунг“ за околу 127 милијарди доалри, како и целокупната добивка за компанијата.
Третото место коешто на рејтинг – листата на најуспешни планетарни менаџери го зазеде шефот на „Гаспром“, укажува не само на Милеровите деловни способности, туку и на значењето на компанијата којашто е светски лидер во производството и извоз на природен гас. Во просек, 50-те најдобри светски менаџери го зголемија богатството на акционерите на нивните компании, преку исплата на дивиденди и преземање на емитувани акции, за повеќе од 48 милијарди долари.
Рејтингот на најуспешни директори е утврден врз основа на анализа од работата на раководителите на светските компании, при што во конкуренција влегле успешни менаџери кои почнале да раководат од средината на минатата деценија, а најдоцна од 2007 година. Поради тоа на листата на најуспешни менаџери не се најдоа некои угледни уимиња како што се веќе славниот директор на американскиот „Џенерал електрик„ Џек Велш, признатиот инвестициски лидер Ворен Бафет, шефот на компанијата „Оракл“ Лари Елисон, а исто така и основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс, зошто тие на чело на своите компании дошле пред 1995 година.
Во конкуренцијата за избор на најголеми светски директори учествувале околу 2000 шефови на компании од 33 земји ширум светот. На листата најуспешни планетарни раководители претежно се наоѓаат мажи, зошто жените се застапени се на се со 1,5 отсто, додека процентот на оние кои се наоѓаат на раководна позиција во странство изнесувал околу 15 отсто.
Авторите на истражувањето врз основа на тоа заклучиле дека глобалниот пазар на извршни раководители е претежно сиромашен. Рејтингот на некој познат менаџер најмногу зависи од неговата способност да го подигне деловниот углед и приход на компанијата на подолг временски период, истакнуваат авторите на истражувањето.
Коментари
mlYzTyBkCVdY
ZYrfaxIhaAxsYhaDJs