Дневен брокерски извештај - 17 јуни 2009На Македонската берза денеска беше извонредно неинтересно. Инвеститорите не беа сигурни како да реагираат на движењата на регионалните и светските берзи кои веќе четврти ден по ред се во опаѓање. Тоа особено се одрази на прометот. Ретките и мали по обем трансакции со акции направија промет од скромни 50-тина илјади евра. Прометот со обврзници беше нешто поголем и изнесуваше малку повеќе од 60 илјади евра, или во денари вкупно 6,99 милиони. Со толку мал промет МБИ забележа дневен пад од -1,42% и дојде до вредност од 2540,78 поени, а МБИД падна -2,4%. Единствено индексот на обврзници порасна за 0,9%.
Денеска ниту една акција немаше промет поголем од 1 милион денари. Најтргуван беше Алкалоид со промет од само 0,8 милиони денари и 183 истргувани акции. Цената во просек падна за -1,89% и изнесуваше 4.393 денари. Втора најтргувана беше Комерцијална банка со само 163 акции во промет за 418.000 денари. Нејзината цена порасна за 0,56% и изнесуваше 2.567 денари.
Најголем дневен пад имаа акциите на ФЗЦ 11 Октомври. Беа истргувани само 10 акции по 1.500 денари секоја, односно забележаа пад од -23%.
Најголем промет од 2,13 милиони денари денеска беше реализиран со обврзниците за старо девизно штедење РМ01. Нивната цена денес порасна 0,98%, односно 37.425 од овие обврзници беа истргувани по цена од 93% од нивната врдност.
Се на се, летен ден без некои позначајни случување. Дали е затишје пред бура и каква ќе биде бурата останува да видиме.
МОЈ БРОКЕР АД Скопје
Коментари
NvwbGK
EQOSrQgbDA
tVNgithbcpDrJRQAred