Сабота
04.09.2010










Спотот на Иванов чини околу 200 илјади евра

Прашања и одговори - конечна верзија Мими Шејќероска, извршен директор на Пристоп МК

2009_06_24_mimi
О Од какво значење е за агенцијата Пристоп МК проектoт за новиот ТВ спот од серијалот  ‘‘Македонија – вечна ‘‘ за туристичка и културна презентација  што го изработи Игор Иванов – Изи? И дали сметате дека тој ќе го постигне посакуваниот ефект за светска промоција  на Македонија во вистинско светло?
-Овој проект беше посебен предизвик и има суштинско значење за нашата агенција, бидејќи, пред се, станува збор за афирмативен продукт за нашата држава. Пристоп МК и целата екипа, која работеше на овој проект, го изработи максимално професионално и со многу емоции и сум сигурна дека тој ќе придонесе во севкупниот концепт за светска промоција на Македонија.
О Како продуценти на спотот, што значи за Вас и колку ви помогна во реализацијата на овој  проект соработката со Владата на Република Македонија?
- Довербата која што ја добивме од Владата беше само по себе огромна стимулација и одговорност и јас сум лично задоволна.
О Дали е ова прв проект од ваков тип на Пристоп МК и какви се плановите на ова поле за во иднина?
- Пристоп МК има една импозантна листа на реализирани проекти од суштинско значење, во смисла на организационен и продукциски карактер. Секако дека сериозно планираме во иднина да работиме на ова поле и да развиваме такви проекти во соработка со колеги од големи продукции во и надвор од Македонија.
О Колкав е буџетот за овој проект и дали ќе учествувате со него на меѓународни фестивали? А, во тој контекст, се чини неизоставна ќе биде споредбата на вашиот со спотот на Милчо Манчевски, кој веќе донесе едно меѓународно признание од Полска?
- Буџетот изнесува 12.258.400,00 денари. Пристоп МК, како продукциска куќа на овој ТВ спот, заедно со режисерот и автор Игор Иванов – Изи е во моментот фокусирана на емитувањето на спотот на CNN и на други национални телевизии во светот, како и на рефлексијата од неговото прикажување. За евентуално учество на меѓународни фестивали, македонската јавност ќе ја информираме кога ќе имаме конкретни информации.
Двата продукта е неблагодарно да се споредуваат, бидејќи секој за себе има посебна вредност и е работен според однапред поставено и одобрено сценарио. Со задоволство можам да констатирам дека Пристоп МК е премногу задоволен од реакциите од општата јавност, кои секојдневно стигнуваат до нас. Направивме еден уникатен продукт за кој верувам дека ќе ги оправда сите очекувања.
О Колку му се потребни на туризмот, и на државата воопшто, вакви мали ремек дела, кои се и туристичка, и културна, и стопанска, и севкупна промоција на Македонија во светот?
-Сметам дека иницијативата за промоција на Македонија е одлична, и дека конечно почнуваат работите да се случуваат и во оваа насока. Продукти од ваков карактер се само мал дел од она што една држава треба да го направи по однос на себе-промоција, без разлика дали е тоа од областа на туризмот, културата, и слично

Коментари

jAepyFUpbeHA

oredif

FQDctF

CQVuNd

ahasdasd

hello nice to see you here, good work, great site, will visit you again

ecefcaf

Hello! ekeebkc interesting ekeebkc site!

BsSaHKwGJM

Wefwjnegjjw

YwPtEOeZdlk

Hjuasdfasef

Став

Александар Пајковски, управител на „Дуна Компјутери“
Нашиот адут е ULTIMA® - моќен софтвер за моќна компанија
Колкаво е семејното богатство на поранешниот премиер?
Љубчо Георгиевски ‘‘тежи‘‘ близу сто милиони евра?

Mуабети

Анкета

Колку пари планирате да потрошите за летен одмор?:


ТОП ДОБИТНИЦИ

СТИЛ
2,27%
МПТ
1,22%
ГРНТ
0,64%
ТПЛФ
0,64%



ТОП ГУБИТНИЦИ

ЦЕВИ
-2,77%
ТЕЛ
-2,60%
КЈУБИ
-2,44%
СБТ -1,10%
КМБ
-0,52%

БЕРЗАНТ

МБИ 10 2,357 90
0,28%
МБИД 2,579 55
-0,60%
ОМБ 106 18
-0,04%

КУРСНА ЛИСТА

EUR 61.20 61.81
USD 49.39 49.88
GBP 73.37 74.11
CHF 44.54 44.99








ЗА НАС ПРЕТПЛАТА МАРКЕТИНГ КОНТАКТ

Проект на ЏИН ПРОДУКЦИЈА и Здружението на економски новинари

Адреса: Бул. Партизански одреди 2/16, ТЦ Буњаковец, 1000 Скопје , Тел. 02/ 3239 800 , Факс 02/ 3239 655 , email: redakcija@biznis24.com.mk

2009 © Сите права се задржани